Препорачливо е да се регистрирате пред да купувате во нашата онлајн продавница, но можeтe и да купувате и без претходна регистрација.
Процесот на регистрација е многу едноставен, доколку се одлучите да бидете регистриран корисник на нашиот сајт. За започнување на процесот на регистрација, потребно е да кликнете на полето `Пријави се`, кое стои на врвот на страницата, веднаш до полето `Омилени производи` и `Кошничка`. Ќе се отвори нова страница со две опции, `Постоечки корисник` и `Нов корисник`, каде треба доколку сте нов корисник да го пополнете формуларот, или доколку сте веќе регистриран корисник, само да се најавите со Вашето корисничко име и лозинка. За да се регистрате, потребно е да кликнете на полето `Нов корисник` и да пополнете формулар со Вашите лични податоци, кој воедно се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате на сајтот, Вашиот профил ќе биде веќе постоечки, и потребно ќе биде само впишување на Вашето корисничко име и лозинка.
Избирање на производ
На почетната страница постојат неколку механизми преку кои Ви е овозможено поедноставно и подобро шопинг искуство. Со кликнување на опцијата `Производи`, која стои најгоре на нашата страница, веднаш до опцијата `Почетна`, добивате содржина од сите очила кои моментално се достапни за продажба. За Вашето пребарување да биде попрецизно, со кликнување на опцијата `Сортирај`, имате можност да ги подредите сите производи по Ваша желба. Дополнително, од левата страна на страницата, се наоѓа филтер, преку кој може да сортирате производи по производител, цена или продаваност на производи. Понатаму, на предната страница стои опција за пребарување преку бреднови, со мени кое ги нуди сите бреднови кои во моментот на пребарување се понудени во нашите продажни места. Третиот механизам е понуда на селектирани очила, кои се на промоција/попуст, и стојат во менито `Производи на промоција`, и последниот начин на купување е преку разгледување на најновите производи кои може да ги пронајдете во менито означено со `Препорачани производи`. Штом изберете производ кој Ве интересира, со кликнување на сликата, се отвара нов прозорец кој ги сорджи деталните информации за производот. Од десната страна на сликата, имате опции за да го ставите производот во секцијата `Кошничка` или `Омилени`.
Содржина на кошничка
Кошничката ги содржи сите производи кои Вие сте ги додале и сте заинтересирани да ги купите. Тука можете да ја зголeмите иli намалите количината на производи кои сакате да ги купите, и лесно може да избрисшете производи за кои веќе не сте заинтересирани да ги купите.
Нарачување и плаќање на производи од кошничка
Откако ќе го изберете производот кој сакате да го купите, со стискање на опцијата `Наплати`, се отвара нова страница каде имате опција да се најавите, регистрирате или да го купите производот без претходно да се регистрирате. За купување на производ без претходна регистрација, потребно е само да ги запишете Вашите лични податоци и адресата на која сакате да се достави производот. Понатаму, го избирате начинот на плаќање, односно може да платите на врата, штом Ви се достави производот. Веднaш после нарачката, Вашите средства се резервираат заради потврдување на достапноста на производот. Откако ќе се потврди достапноста на производот, Вие ќе добиете порака дека производот е достапен.
Достава
Доставата на нашите производи ја врши курирска служба . Курирот ќе го достави Вашиот производ на наведената адреса во период од 08-20 часот во секој работен ден и во Сабота од 08-16 часот. Испораката е бесплатна за сите производи нарачани од нашата страница.
Услугата за испорака за производите понудени на оваа веб-локација е достапна само во Република Северна Македонија.
ПОЛИТИКИ И ПРАВИЛА
БРЗИ ЛИНКОВИ